Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ќе ги разгледува наредбите на Бајден за задолжителни ковид вакцини


Врховниот суд на САД денес ги разгледува двете наредби на администрацијата на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцина против ковид-19.

Федералните наредби ги обврзуваат работодавците со 100 вработени или повеќе да мора да им наложат на работниците целосно да се вакцинираат против ковид-19, или неделно да се тестираат.

Исклучок би постоел само во случај на одредени религиозни или здравствени причини.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека овие наредби се од клучно значење за државата во борбата против пандемијата.

Сега за ова ќе одлучува Врховниот суд откако голем број на пониски судови издадоа различни мислења за политиките на Бајден.

Досега во САД има над 800.000 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG