Линкови за пристапност

Втор ден сослушување на Барет за нејзина потврда за Врховниот суд


Очекувани теми се здравствена заштита и потенцијалната улога на Судот околу можните предизвици со изборите во ноември

Членовите на Сенатската комисија за правосудство денес ѝ поставуваат прашања на номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет. Ова е втор ден од конгресното сослушување за нејзина потврда.

Очекувани теми се здравствена заштита, нејзиниот пристап кон правниот преседан, како и потенцијалната улога на Судот при решавање на можни прави предизвици околу изборите во ноември.

Секој сенатор ќе има 30 минути да постави прашања. Слична ваква сесија треба да има и утре.

Претседавачот со Комисијата Линдзи Грем закажа првично гласање за нејзина потврда в четврток.

Тоа би овозможило крајно одобрување на крајот на наредната недела, како и гласање на целиот Сенат пред крајот на месецот.

Сослушувањата на Барет почнаа вчера, кога таа рече дека судовите не треба да се обидуваат да прават правила, туку тоа да го остават на американските претседатели и на Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG