Линкови за пристапност

Трамп ги осуди омразата и насилството во Шарлотсвил


Една жена загина, а 19-тина други беа повредени во протестите во саботата

Претседателот Доналд Трамп се соочува со политички напади во САД, за неговиот наводен неуспех да се справи со белите супремацисти, кои организираа собир во Шарлотсвил, Вирџинија, под мотото „Обединете ја десницата“.

Претседателот ги осуди случувањата, нарекувајќи ги „невидени омраза, нетрпеливост и насилство на сите страни“, часови откако во саботатата, автомобил удри во група контрадемонстранти, убивајќи 32-годишна жителка на Шарлотсвил Хедер Хајер, и повредувајќи уште 19-тина други.

Но, според многумина, Трамп, директно не ги осудил екстремистичките групи, кои организираа протести во саботата, повеќето од нив негови политички поддржувачи, кои отворено ги потценија малцинствата, Евреите и жените.

Потпретседателот Мајк Пенс застана во одбрана на Трамп, при неговата вчерашна посета на Колумбија.

„Повеќето национални медиуми потрошија повеќе време критикувајќи ги зборовите на претседателот, отколку тие што манифестираа насилство“, рече Пенс

Белата куќа вчера соопшти дека претседателот осудува каква било форма на насилство, нетрпение и омраза, и „секако тоа ги вклучува белите супремацисти и сите екстремистички групи“.

Вчера во Шарлотсвил се палеа свеќи во сеќавање на жртвите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG