Линкови за пристапност

Дрво посилно од челик


Истражувачите на Универзитетот на Мериленд направиле материјал кој може да се споредува со најцврстите материјали

Во научна лабораторија беше направен нов материјал кој е посилен, полесен и поевтин од челик. Продуктот не е високо-технолошки нано-полимер или некоја нова легура, туку дрво.

Со помош на неколку хемикалии, топлина и притисок, истражувачите на Универзитетот во Мериленд направиле дрво кое е десет пати посилно од обичното. Ова значи дека може да се натпреварува со некои од најсилните материјали на пазарот, вели коавторот на студијата Лианбинг Ху.

„Ние сме заинтересирани за замена на челичните и јаглеродни влакна со силни дрвени структури“, изјави тој.

Силен и евтин

Бидејќи процесот не бара посебна суровина, производот ќе биде релативно евтин. „Можеме да започнеме со многу евтино дрво и можеме да започнеме со многу добро, поскапо дрво. Но, на крајот, добиваме многу слични перформанси“ вели Ху.

Клучот за она што истражувачите го нарекуваат „супер дрво“ е делумното отстранување на природниот полимер наречен лигнин.

Каустичните хемикалии ослободуваат половина од лигнинот. По еден ден топлинско пресирање, дрвото е доволно силно за правење на автомобили, авиони или турбини на ветер велат истражувачите. Тие додавааат дека ваквото дрво ќе има помало влијание врз животната средина отколку челикот или метални легури, и може да ги замени. Сепак, новиот процес не е без загадување затоа што се користат некои од истите хемикалии кои се вклучени и во изработката на хартија.

Ху и неговиот колега, Тенг Ли, нашле необични начини да го употребуваат овој нашироко распространет материјал. Тие направиле дрвени батерии, транспарентно дрво и хартија, отстранувајќи го лигнинот и заменувајќи го со провиден полимер.

Нивните наоди се објавени во списанието "Природа" (Nature).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG