Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп – победници на Супер вторник


Клинтон и Трамп – победници на Супер вторник
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Клинтон и Трамп – победници на Супер вторник

Обајцата ги зајакнаа своите позиции за претседателските номинации во нивните партии

Демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп ги зајакнаа своите позиции за претседателските номинации во нивните партии, победувајќи во клучните сојузни држави во супер вторник, најважниот ден за гласање за време на прелиминарните избори во САД.

Поранешната државна секретарка победи во Тенеси, Алабама, Џорџија, Аркансас, Вирџинија, Тексас и Масачусец. Нејзиниот противник, демократскиот социјалист Сандерс победи во Вермонт, Оклахома, Минесота и Колорадо.

Кај републиканците, Трамп извојува победи во Арканзас, Џорџија, Алабама, Тенеси, Вирџинија, Вермонт и Масачусетс. Сенаторот Тед Круз победи во Тексас, Оклахома и Аљаска. Сенаторот на Флорида Марко Рубио победи во Минесота.

Резултатите не беа изненадувачки. Анкетите на јавното мислење покажаа дека Трамп и Клинтон се во големо водство во сојузните држави каде се гласаше во супер вторник и на национално ниво. За време на нивните говори после победите, секој кандидат се фокусираше на другиот, повеќе отколку на нивните примарни противници.

„Америка никогаш не престана да биде голема“ изјави Клинтон на собирот во Флорида, однесувајќи се на слоганот на Трамп во неговата кампања. „Ние треба да направиме Америка да биде целина“ изјави таа, додавајќи дека реториката на републиканската страна „никогаш не била на пониско ниво“.

За време на неговиот говор во Флорида, Трамп возврати. „Таа сака Америка да биде целина, повторно. Америка да биде повторно на нозе е многу подобро, од Америка да биде целина повторно.“

Трамп се осврна и на противникот, Рубио, со кого имаа жестоки судири минатата недела. „Знам дека ова беше многу тешка вечер за Марко Рубио. Работеше напорно, потроши многу пари. Тој е недостоен, како што сум рекол многу пати. Тој е најголемиот губитник на вечерта “ изјави Трамп.

Обраќајќи се на голема толпа луѓе во неговата матична држава доцна во вторникот, Сандерс остана оптимист.

„Оваа кампања, како што сите знаете, не е само да се избере претседател, туку е за трансформирање на Америка. Да се претвори земјата и нашата голема нација во она за што има голем потенцијал да биде.“

Сандерс нагласи дека демократските прелиминарни се пропорционални и дека тие ги доделуваат делегатите според бројот на гласовите. „До крај на вечерта ние ќе победиме со голем број делегати“ изјави тој.

Откако гласањето заврши , Сандерс изјави дека неговата кампања „започнува сега“ и дека тој има намера да остане во трката до партиската конвенција во јули.

XS
SM
MD
LG