Линкови за пристапност

Денес се гласа во шест сојузни држави на САД за избор на демократска претседателска номинација


Фокусот ќе биде на сојузната држава Мичиген, која носи 125 делегати

Граѓаните во шест сојузни држави на САД денес гласаат на уште едни примарни избори за демократска претседателска номинација.

Фокусот ќе биде на сојузната држава Мичиген, која носи 125 делегати. Овде, анкетите покажуваат дека поранешниот потпретседател Џо Бајден води пред сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, кој го освои Мичиген на примарните избори во 2016 година.

На првите примарни избори минатата недела, Сандерс ја освои најголемата сојузна држава Калифорнија, додека Бајден победи во десет од 14 сојузни држави.

За да ја освои номинацијата, кандидатот треба да обезбеди 1.991 делегат, што официјално ќе се одлучи на демократската конвенција во јули.

Избори денес се одржуваат и во сојузните држави Вашингтон, Мисури, Мисисипи, Ајдахо и во Северна Дакота.

Бајден и Сандерс се очекува да имаат дебата в недела, пред изборите на 17-ти, кои ќе се одржат во Флорида, Илиноис и во Охајо.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG