Линкови за пристапност

Денес 14 сојузни држави во САД гласаат за демократска претседателска номинација


Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс води меѓу демократските кандидати, со 58 освоени делегати досега

Четиринаесет сојузни држави во САД денес гласаат за демократска претседателска номинација. Речиси една третина од делегатите ќе бидат освоени во овој процес, од кои најмногу во Калифорнија.

По изборите во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, овој таканаречен „Супер Вторник“ претставува индикација како ќе се одвива процесот на избор на демокартска номинација на национално ниво.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс води меѓу демократските кандидати, со 58 освоени делегати досега.

Тој се очекува да добие голема поддршка и од гласачите во Калифорнија и Тексас, каде анкетите покажуваат дека тој се наоѓа на прво место. Во Северна Каролина, пак, анкетите покажуваат дека Сандерс е во тесна трка со поранешниот потпретседател Џо Бајден.

По победата во Јужна Каролина, Бајден излезе со 50 освоени делегати.

Сенаторката Елизабет Ворен, која има осум делегати досега, се наоѓа на трето место, и е во тесна трка со Сандерс во Масачусетс.

Пред денешните избори, сенаторката од Минесота Ејми Клобучар излезе од изборната трка и го поддржа Бајден.

Претходно, Бајден го поддржа и градоначалникот од Индијана Пит Бутиџеџ, кој ја заврши неговата кампања во неделата. Од трката излезе и милијардерот Том Стајер, кој не успеа да освои ниту еден делегат.

На изборите денес првпат се гласа и за поранешниот градоначалник од Њујорк Мајк Блумберг, кој потроши 400 милиони долари на реклами, особено во овие 14 сојузни држави.

Во трка на денешните избори е и конгресменката од Хаваи Тулси Габард, која последен пат се квалификуваше да учествува на демокарска дебата во ноември минатата година.

Денес се одржуваат избори и во Алабама, Арканзас, Колорадо, Мејн, Оклахома, Тенеси, Јута, Вермонт и во Вирџинија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG