Линкови за пристапност

Калифорнија првпат ќе гласа на примарни избори на трети март


Оваа сојузна држава има 415 делегати во залог, или 20 отсто од потребните за да ја утврдат номинацијата

Граѓаните се подготвуваат да гласаат во вторник, кога 14 сојузни држави во САД ќе одлучуваат кој би бил демократски претседателски кандидат.

Калифорнија ќе биде централна сојузна држава во оваа битка. Тамошните гласачи првпат ќе имаат важност во примарната фаза на претседателски избори.

Примарните избори во оваа сојузна држава, која има 415 делегати во залог, или 20 отсто од потребните за да ја утврдат номинацијата, беа преместени од јуни за на трети март.

Калифорнија ќе биде држава за докажување на поранешниот градоначалник на Њујорк Мајк Блумберг, и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, сметаат аналитичарите, кои велат дека Калифорнија ќе биде совршено сценарио за двајцата кандидати.

И републиканците и независните ќе може да гласаат на демократските примарни избори во Калифорнија, и првпат граѓаните ќе можат да се појават на изборниот ден, да се регистрираат и да гласаат.

Утре, пак, се гласа на примарните избори во Јужна Каролина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG