Линкови за пристапност

Њу Ингланд шампиони во Супербол


Претседателот Доналд Трамп по завршувањето на натпреварот преку порака на Твитер, кажа дека Том Брејди, сопственикот на Њу Ингланд, Боб Крафт и тренерот – се „комплетни победници“.

Њу Инглад по рекорден петти пат, победи во финалето на американската фудбалска лига – Супербол, откако синоќа ја совлада Атланта со 34:28. Ова беше прво финале чиј исход беше познат во продолжение, а карактеристично беше што Њу Ингланд се врати во игра од минус 25 поени.

Квотербекот на Њу Ингланд Том Брејди, го доби признанието МВП на финалето, што за него е четврта ваква награда. Брејди има освоено вкупно пет шампионски титули.

Претседателот Доналд Трамп по завршувањето на натпреварот преку порака на Твитер, кажа дека Том Брејди, сопственикот на Њу Ингланд, Боб Крафт и тренерот – се „комплетни победници“.

Синоќа улиците на Бостон беа преплавени со љубители на нивниот тим. Градоначалникот за утре најави победничка парада.

XS
SM
MD
LG