Линкови за пристапност

Денвер бронкос - шампиони во американскиот фудбал


Ова беше 50-ти по ред натпревар во американската фудбалска лига

Во финалето, попознато како супербол, ги поразија Каролина пантерс со 24: 10. На јубилејното 50-то, златно издание на суперболот на стадионот Левис во близина на Сан Франциско, престижната статутка за најкорисен играч на натпреварот му припадна на одбранбениот играч од Бронкос, Вон Милер.

Легендата во овој спорт, 39-годишниот квотербек Пејтон Менинг, по натпреварот не кажа дали и следната година ќе игра во американската професионална лига.

На глобално ниво натпреварот привлекува милијарди гледачи, особено пред почетокот и традиционалните настапи на музички групи на полувремето. Воедно, за тв-станиците коишто го пренесуваат настанот тоа значи приход од милиони долари од реклами. Реклама од 30 секунди на пример, може да чини и до 5 милиони долари.

XS
SM
MD
LG