Лидерите на НАТО денес се собраа на голф терен надвор од Лондон да покажат обединетост, и покрај разликите околу тероризмот, Турција и зголемена нетрпеливост кон САД.
29-те лидери, вклучувајќи го и претседателот на САД Доналд Трамп, направија традиционална заедничка фотографија пред планираниот тричасовен состанок.
Тие се очекува да објават заедничка изјава, најавувајќи поголем фокус кон предизвиците од Русија и Кина.
Трамп, пак, денес се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Двајцата претседатели разговараа за важноста Турција да се придржува кон заложбите на Алијансата, за натамошно зацврстување на односите преку билатералната трговија од 100 милијарди долари, за регионалната безбедност и енергетска стабилност“, соопшти Белата куќа.
Вчера лидерите имаа неформален состанок да одбележат 70 години постоење на Алијансата, иако тој беше засенет од тензиите меѓу Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон.
Facebook Forum