Линкови за пристапност

Путин ги критикува САД пред почетокот на Г-20


Рускиот претседател тврди дека САД „грубо го кршат“ духот на меѓународната соработка

Додека светските лидери се собираат за Самитот на Групата 20 економски сили, што викендов ќе се одржи во Австралија, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД „грубо го кршат“ духот на меѓународната соработка, што треба да претставуваат поттик за групите како Г-20.

Путин се пожали на санкциите под американско раководство против Русија, воведени за армиските дејствија на земјата во и околу Украина. Во интрвјуто дадено непосредно пред да пристигне во Бризбејн, Путин сепак наведе дека нема да го покрене прашањето за санкциите на самиотот, но дека ќе реагира доколку другите лидери ја отворат темата.

Украина, НАТО и други држави неделава ја критикуваа Русија поради тоа што испраќа сили и тешко оружје во источна Украина, делот од земјата што се противи на владата во Киев.

Премиерот на Австралија истакна дека земјите од Г-20 на престојните средби треба да се фокусираат на економските прашања, и покрај безбедносната ситуација во Украина и тековната дебата за климатските промени.

Најновите активности на руските морнарички и воздухопловни сили предизвикаа загриженост кај многу западни земји. Австралија испрати флота во меѓународните води за да врши надзор на дејствијата на четири руски воени бродови што пристигнаа во близина на североисточниот брег на оваа држава.

Претседателот Барак Обама треба да допатува во Австралија од Мјанмар, каде по средбите со тамошното раководство повика на продолжителни напори кон демократски дијалог и еднакви права, особено по децениите на воена диктатура.

XS
SM
MD
LG