Линкови за пристапност

Главниот економски советник заминува од Белата куќа


Главниот економски советник заминува од Белата куќа
Главниот економски советник заминува од Белата куќа

Во писмена изјава претседателот Обама кажа дека бил благодарен за службата на Самерс во време што претседателот го нарече „голем ризик“ за САД.

Белата куќа вели дека главниот економски советник на Обама, Лари Самерс, ја напушта функцијата на крајот на годината.

Соопштението од Белата куќа вели дека Самерс ќе го напушти местото на директор на Националниот економски совет за да се врати на Универзитетот Харвард. Во писмена изјава претседателот Обама кажа дека бил благодарен за службата на Самерс во време што претседателот го нарече „голем ризик“ за САД.

Самерс, кој ја поддржа претседателската кампања на претседателот Обама се смета дека ја препознал финансиската криза рано и дека вршел притисок на силна реакција.

Заминувањето на Самерс доаѓа среде бавно економско опоравување со стапка на невработеност близу 10 проценти.

Тој е третиот член ан висока позиција во економскиот тим на Обама што заминува последниве недели.

Директорот за буџет на Белата куќа Питер Орцаг и Кристина Ромер, раководител на Советот на економски советници, исто така ја напуштија администрацијата.

XS
SM
MD
LG