Линкови за пристапност

Почина Дона Самер


Музичката легенда Дона Самер, која многумина ја знаат како Кралицата на диско, почина на 63 години.

Петкратната добитничка на Греми почина во четврток на возраст од 63 години, во Флорида. Нејзините блиски велат дека таа се борела со рак некое време, но се обидела тоа да го држи како приватна работа.

Самер станала позната во 1970-те со хитови како „Жешка работа“ и „Лоши девојки“, од нејзиниот албум „Албум на лоши девојки“, како и „Последен танц“ што помогна да се дефинира диско ерата.

Родена била како Дона Геинс на 31 декември во Бостон, Масачусетс, во религиозно семејство, и поголем дел од нејзиниот музички тренинг дошол од пеење во црковен хор.

Се преселила во Европа во доцните 1960-те, каде играла во мјузиклот во германска продукција „Коса“ и дури научила течно да зборува германски.

Самер се вратила во САД и уживала во успехот и популарноста, што кулминирале во 1979 со албумот „Лоши девојки“.

Таа продолжила да има хитови во 1980-те, вклучувајќи го и оној од 1983-та „Таа многу работи за парите“.

Самер се омажила за пејачот и песнописец Брус Судано во 1980. Двојката имала две деца.

XS
SM
MD
LG