Линкови за пристапност

Судот одреди притвор и потерница за Груби и Бајрами


Основното јавно обвинителство Скопје до Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница.

СКОПЈЕ - Скопскиот Кривичен суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и им определи триесетдневен притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами, за случајчот „Државна лотарија“ но со оглед на фактите дека тие не се наоѓаат во државата побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да распише национална потерница но и изјава со која ќе се распише меѓународна потерница со која доколку некој од осомничените биде лоцирани да може да биде екстрадиран во државата.

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои ЈО предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со го прифати предлогот на ЈО и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст1. Т. 1 и 2“, соопштија од скопскиот Кривичен суд.

На останатите четворица кои се предмет на истрагата и се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд а на предлог на скопското Обвинителство е им определи мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување на службено лице во судот.

Според неофицијалните информации Груби кој е осомничен за проневера викендов ја напуштил државата со возило со дипломатски таблички и со почесниот конзул на Косово во Северна Македонија на граничниот премин Блаце.

XS
SM
MD
LG