Линкови за пристапност

Судија ограничи претставници на Бајден да контактираат со компаниите за социјални медиуми


Оваа наредба e победа за републиканците кои ја тужеа администрацијата на Бајден, велејќи дека ја користи коронакризата како изговор за ограничување на ставовите кои се против владата
Оваа наредба e победа за републиканците кои ја тужеа администрацијата на Бајден, велејќи дека ја користи коронакризата како изговор за ограничување на ставовите кои се против владата

Американски федерален судија денес им ограничи на некои агенции и службеници на администрацијата на претседателот Џо Бајден да се среќаваат и да комуницираат со компаниите за социјалните медиуми за да влијаат на нивната содржина, се вели во судскиот документ.

Наредбата дојде како одговор на тужбата поднесена од републиканските јавни обвинители во Луизијана и Мисури, кои тврдеа дека претставниците на американската влада отишле предалеку во напорите да ги охрабрат компаниите за социјални медиуми да влијаат на објавите за кои се загрижени дека може да придонесат за колебливоста на вакцината за време на пандемијата на ковид-19 или предвремени избори.

Во пресудата се вели дека владините агенции како Одделот за здравство и човечки услуги и ФБИ не можат да разговараат со компаниите за социјални медиуми „со цел да поттикнат, охрабруваат, вршат притисок или на кој било начин поттикнуваат отстранување, бришење, потиснување или намалување на содржината“ според клаузулата за слободен говор од првиот амандман на Уставот на САД.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека Одделот за правда ја разгледува наредбата и ќе ги процени неговите опции.

Наредбата, исто така, спомна имиња на официјални лица, вклучително и секретарот на Одделот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и Џен Истерли, која ја предводи Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктура.

Оваа наредба означува победа за републиканците кои ја тужеа администрацијата на Бајден, велејќи дека ја користи здравствената криза со коронавирус и заканата од дезинформации како изговор за ограничување на ставовите што не се согласуваат со владата.

Американските власти рекоа дека имаат за цел да ги намалат дезинформациите за вакцините за ковид-19 за да ги спречат смртните случаи што може да се спречат.

Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG