Армискатата Команда за Африка за Гласот на Америка кажа дека специјално назначени сили биле позиционирани во Џибути, место каде е единствената американска воена база во Африка, така што брзо ќе може да одговори на кризата во Јужен Судан ако има потреба.
САД евакуираа Американци со неколку авионски летови од Јужен Судан откако започнаа борбите на 15 декември меѓу поддржувачите на претседателот и на неговиот поранешен потпретседател.
ОН велат дека борбите раселиле околу 100.000 луѓе, од кои повеќе од 40.000 најдоа засолниште во бази на ОН.
Советот за безбедност на ОН треба да гласа во вторник по резолуција за испраќање на 5.500 дополнителни мировници во Јужен Судан.
САД велат дека сите членови на Советот го поддржуваат предлогот. Трупите ќе бидат префрлени од други мисии на ОН во Африка.
Јужен Судан има историја на насилство, што датира уште пред независноста во 2011.