Линкови за пристапност

Повеќе од 30 мртви во насилствата во Судан


Воениот лидер на Судан, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан кажа дека воените власти се повлекуваат од претходно договорената транзиција со демонстрантите и повика на одржување на избори во рок од девет месеци. Бурхан додаде дека изборите ќе се одржат под „регионален и меѓународен надзор“.

Одлуката беше објавена откако војската насилно влезе во седиштето на армијата во Картум, повикувајќи ги генералите да ја предат власта на цивилни раководители. Во упадот загинале повеќе од 30 лица.

ОН ги осудија дејствата на суданските безбедносни сили.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика суданските власти да спроведат независна истрага и да ги пронајдат одговорните за насилството.

XS
SM
MD
LG