Линкови за пристапност

Демонстрантите во Судан бараат цивилна, а не воена влада


Гледаме дека се смени само името на режимот, велат демонстрантите барајќи од владејачкиот воен совет да ја забрза транзицијата на власта се до цивилна влада

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Картум, главниот град на Судан, во четвртокот, барајќи од владејачкиот воен совет да ја забрза транзицијата на власта се до цивилна влада.

Протестот кулминираше откако новите власти на земјата го објавија апсењето на двајца браќа на поранешниот претседател Омар Ал-Башир поради обвиненија за корупција.

Многу професионални здруженија, вклучувајќи го и Суданското здружение на инженери и правници, се придружија на протестот кој се одржа пред седиштето на војската на Судан.

„Гледаме дека се смени само името на режимот, бидејќи симболите на претходниот режим не се уапсени. Крвта на нашите маченици е пролеана, а немаше казна за оние кои ги убија. Голем број притвореници сé уште се наоѓаат во затвор. Бараме цивилна влада. Сепак, тоа не е договорено. Ние се обидуваме да ја ослободиме владата од колонијализмот на режимот на Партијата на националниот конгрес“, вели д-р Шираз Хишам, кој учествува на протестите.

„Бараме корумпираните луѓе одговорни за пролеаната крв да одговараат. Луѓе загинаа. Нивната жртва не смее да биде залудна. Треба да одговорност“, вели Исмаил Мохамед, студент по медицина, кој исто така учествува на протестите.

Суданската војска минатата недела го собори Омар Ал-Башир, по четиримесечни улични протести против неговото триесет годишно владеење, кое беше нарушено со конфликтот, граѓанската војна и корупцијата.

Ал-Башир, исто така, е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото од страна на Комитетот за воени злосторства на Меѓународниот кривичен суд во западниот регион Дарфур.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG