Линкови за пристапност

На протести во Судан се бара граѓанска влада


Демонстрантите кои го слават заминувањето на Омар Ал-Башир, по неколкумесечни демонстрации против неговото 30-годишно владеење, немаат доверба во војската што ја презема контролата врз земјата

Планот на војската на Судан да ја преземе власта во државата наиде на студен прием кај протестантите и меѓународната заедница, кои сакаат да видат дека оваа африканска нација презема демократски чекори.

Демонстрантите кои го слават заминувањето на Омар Ал-Башир, по неколкумесечни демонстрации против неговото 30-годишно владеење, немаат доверба во војската што ја презема контролата врз земјата.

„Ако не донесат цивилна влада која соодветно ќе го претставува суданскиот народ, нашата револуција ќе биде нецелосна и нема да ги претставува надежите и соништата на суданскиот народ. Поради тоа ќе продолжиме да протестираме и ќе останеме на плоштадот се додека сите наши легитимни барања не бидат исполнети“, вели Ахмед Абас, еден од протестантите во Судан.

„Ние како нација целосно ја отфрлиме оваа промена, бидејќи тие само ја пренесоа (моќта) од еден на друг. Не реагираа на нашите барања и на волјата на народот“, вели Семи Ахмед, кој исто така учествува во протестите во Судан.

Транзициониот воен совет, предводен од Министерот за одбрана на Судан, ќе ја води владата во следните две години. Во Судан на сила е тримесечна вонредна состојба при што уставот е суспендиран, а парламентот е распуштен.

Судански воен извор за Гласот на Америка изјави дека Ал-Башир е во домашен притвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG