Линкови за пристапност

Ирак наведува „веродостојна“ закана за подземните железници во САД и во Париз


Американски официјални лица велат дека немаат индикации за таков заговор

Ирак вели дека има докази за „веродостојни“ закани против подземните железници во САД и во Париз.

Премиерот Хајдер ал-Абади денес во Њујорк пред новинарите изјави дека информацијата дошла од заробените странски милитанти што се борат на страната на Исламската држава (ИД) во Ирак.

Американски официјални лица велат дека немаат индикации за таков заговор.

Кетлин Хајден, портпаролката на Советот за национална безбедност кажа дека САД „ќе треба да ги проверат сите информации од нашите ирачки партнери пред да донесат натамошна одлука“.

САД и Франција извршија воздушни напади против цели на ИД во Ирак, каде таа освои значителни делови од територијата на државата.

XS
SM
MD
LG