Линкови за пристапност

Тиндер им наплаќа поскапо на корисниците над 30 години


Судија во Калифорнија пресудил во корист на 33-годишен корисник, кој ја тужел компанија за дискриминација и преплаќање за услугата Тиндер плус

Суд во Лос Анџелес, Калифорнија, одлучи дека популарната апликација за дружење Тиндер ги прекршила законите за дискриминација, наплаќајќи им повеќе на корисниците на 30- годишна возраст и повозрасни, отколку на помладите.

Ален Кендлор ја тужел компанијата за преплаќање за услугата Тиндер плус.

Оваа услуга чини 9.99 долари месечно за корисници под 30 години, додека триесетгодишните и повозрасните, треба да платат 19.99 долари месечно, иако Тиндер плус нуди идентични услуги за корисниците, независно од возраста.

Судијата Брајан Кјури пресуди во корист на 33-годишниот Ален Кендлор од Сан Диего, велејќи дека компанијата Тиндер го прекршила Актот за граѓански права на Калифорнија, кој обезбедува заштита од дискриминација од сите бизнис естаблишменти во Калифорнија.

Тиндер се соочила со слични обвинувања претходно. Во 2015-та година, Мајкл Манапол ја тужел компанијата за возрасна и родова дискриминација, но, судијата ја одбил тужбата, велејќи дека Манапол не успеал да докаже дека бил оштетен.

Катја Кејс од Универзитетот на Ајова, вели дека „Тиндер е приватна компанија, и би требало да може да наплаќа колку сака за нејзините услуги. Никој не ги принудува корисниците да користат Тиндер“.

Таа нагласи дека ваквата одлука е прекршување на капиталистичките практики.

Тиндер е популарна апликација меѓу студентите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG