Многу интернационални студенти не можат да си дозволат да патуваат во родната земја за време на празниците, па некои го посетуваат поширокото семејство во Соединетите американски држави.
„За време на божиќните празници ги посетувам роднините во Њујорк“, вели Даниел Менсах од Гана, кој во Вашингтон студира на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Интернационалните студенти кои немаат роднини во САД често празниците ги минуваат со своите американски пријатели и нивните семејства. Лоурдес Фернандо од Шри Ланка е на докторски студии по биологија на Универзитетот Ховард во Вашингтон. Таа го прославува Божиќ со нејзината најдобра пријателка и нејзиното семејство во Мериленд.
Mеѓународните студенти кои посетуваат црковни богослужби во САД може да ѝм се придружат на нивните црковни семејства за да го прослават Божиќ.
За некои од интернационалните студенти разменувањето на подароци за Божиќ е новина.
„Се сеќавам на мојот прв Божиќ овде, навистина не знаев ништо за споделувањето на подароци. Дознав за тоа кога добив подароци од вујко ми, тетка ми, братучетка ми, но јас за никој немав подарок “, вели Селина Аношике од Нигерија.
Некои од интернационалните студенти не го слават Божиќ во нивните родни земји.
„Не го славиме Божиќ во Кина, затоа тоа за мене овде е ново искуство“, вели Бо Ванг, студент од Кина во САД.
За време на четиринеделниот зимски одмор некои од студентите патуваат низ САД.
Facebook Forum