Дали некогаш сте размислувале да извршите хакерски напад врз базата на податоци на американската влада? Сакате ли да пробате?
Ако можете да развиете мрежен доказ за детекција на упад (да откриете хакерски упад) или да извршите форензична анализа на компромитираната крајна точка (да откриете хакерски напад пред да колабира системот) Националната агенција за безбедност сака да си ги испробате вештините.
Регистрацијата е отворена за годинешниов натпревар Codebreaker Challenge. Натпреварот бара од студентите да користат обратен инженеринг или способност да пробијат кодови и да направат фиктивен продор во владиниот систем за податоци.
Сценариото и помага на Националната агенција за безбедност да онеспособи импровизирана експлозивна направа, користејќи вештини од кибернетската безбедноста за спречување на цивилни жртви.
„Обратниот инженеринг е клучна вештина за оние кои се вклучени во борбата против малициозен софтвер, напредни закани и слични злонамерни кибернетски активности“, се вели на веб страната на Националната агенција за безбедност. „Како организација задолжена за заштита на националните безбедносни информативни системи на американската влада, Националната агенција за безбедност се обидува да ги развие овие вештини кај студентите (и потенцијално да ги вработи).“
Секоја година, студентите и постдипломците кои ќе ги решат шесте задачи од Одделот за национална безбедност добиваат признаница во знак на благодарност затоа што се меѓу првите 50 финалисти.
Регистрацијата за студенти со валидна електронска адреса која завршува со .edu започна на 15-ти септември и завршува на 31-ви декември. Годинава неколкумина се блиску до разрешување на задачата, но никој не ги комплетирал се вели на веб-страницата на Codebreaker Challenge. До 25-ти септември предизвикот го прифатиле 335 студенти.
Најголем број учесници во 2016-та година биле од Институтот за технологија на Џорџија, од Атланта, од каде 149 учесници го прифатиле предизвикот, но само петмина ги завршија сите шест задачи, прво рангирани по бројот на успешни учесници.
Освен од Институтот за технологија на Џорџија, три студенти од Универзитетот Карнеги Мелон од Питсбург ја завршија секоја задача; како и тројца од Американската поморска академија во Анаполис, еден од Универзитетот на Мериленд, еден од Поморската постдипломска школа во Монтереј, Калифорнија, еден од Универзитетот Лесли во Кембриџ, Масачусетс и еден од Колеџот Вилијамс од Вилијамстаун, Масачусетс.
Од вкупно 3.325 студенти, од 481 универзитети кои се обиделе да ги завршат сите шест задачи; само 15 учесници успеа. Роберт Џиао од Универзитетот Карнеги Мелон од Питсбург ги реши сите задачи за време под 18 часа, што беше речиси два и пол дена побрзо од следниот студент кој го комплетира предизвикот.
„Компјутерската безбедност е фасцинантен предмет, имав среќа да бидам примен на Карнеги Мелон, кој има одлична репутација за кибернетската безбедност,“ вели Џиао кој бил роден и израснал во Канада.
Карнеги Мелон е рангирана меѓу првите 20 универзитети за кибернетска безбедноста во САД и на национално ниво е познат како расадник за идни експерти во оваа област.
Годинава Codebreaker Challenge „ е голем предизвик и опфаќа широк спектар на проблеми ... пред се потребно е многу време и напор“, вели Џиао. „Не се обесхрабрувајте ако ви се чини дека е премногу тешко, тоа е сосема нормално на почетокот“.
Џиао работи на докторската дисертација во она што тој го нарекува „интеракција меѓу човекот и компјутерот“, во кој ги комбинира компјутерската безбедност и човековата интеракција.
Инструкциите на годинешниот предизвик може да се најдат на веб-страницата на Codebreaker Challenge. https://codebreaker.ltsnet.net/home
Може ли да го пробиете кодот?
Што мислите за поканата од Националната агенција за безбедност на САД? Споделете ги вашите сугестии и коментари на Фејсбук https://www.facebook.com/voastudentu/ Твитер https://twitter.com/voastudentu/ Инстаграм https://www.instagram.com/voastudentu/ и Линкдин https://www.linkedin.com/in/voa-student-union-441600125/
Ви благодариме!
Facebook Forum