Линкови за пристапност

Неконтролирано јадење предизвикува зависност


Неконтролирано јадење предизвикува зависност
Неконтролирано јадење предизвикува зависност

Oткриено дека неограничен пристап до висококалорична храна, резултира со реакција на зависнот од неа во мозоците

Научниците долго време знаат дека зависноста од дрога е резултат на пореметувања во мозокот или таканареченито награден систем што произведува силен порив за земање дрога како хероин, кокаин и никотин од тутунските производи.

Сега, научниците открија дека тој дефектен механизам одговорен за зависност од дрога се поврзува и со состојбата на неконтролирано јадење, што може да води до прекумерна телесна тежина.

Во студијата се користеле глувци и е откриено дека неограничен пристап до висококалорична храна, резултира со реакција на зависнот од неа во мозоците на овие животни. Тие продолжувале да јадат дури и доколку добивале електричен шок.

Дејвид Шуртлиф е директор на Одделот за неврологија и однесување при Американскиот национален институт за злоупотреба на дрога, што ја финансираше оваа студија.

„Неограничен пристап до нездрава храна не може како што знаеме само да влијае на вашата става, влијае и на вашиот систем на лачење допамин“, вели овој научник.

Допаминот е важна хемикалија во мозокот што помага да се пренесат сигналите низ нервната мрежа на мозокот и игра огромна улога во регулирањето на расположението и во појавата на зависност од дрога и алкохол.

Студијата направена од Институтот Скрипс во Флорида, открива дека допаминот го има во зголемена количина кај глувците изложени на неограничено количество на храна.

Во рамки на студијата на една група глувци мажјаци им била давана здрава храна, на втора група им била давана висококалорична храна еден час дневно, а третата група глувци имала неограничен пристап на високо калорична храна.

Четириесет дена подоцна, глувците од третата група значително се здебелиле во споредба со другите две групи. Научниците откриле и дека со зголемување на тежината, глувците имале потреба и од поголеми количини на харана за да ја задоволат огромната глад.

Шурлеф додава дека студијата само ја потврдува важноста од допаминот во патолошкото или нездраво однесување, како неконтролираното јадење и неколтролираното земање на дрога. Следниот чекор, вели овој експерт, е фокусирање на овој систем со цел да се дознаае повеќе за тоа како функционира во мозокот и да се дојде до терапии за прекуметна тежина и зависност.

Студијата за причината за зависност од храна и неконтролирано јадење е објавена во мајското издание на магазинот „Невронаука“.

XS
SM
MD
LG