Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп ја повлече одлуката за депортација на странски студенти кои ќе учат само онлајн


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја повлече одлуката странските студенти да мора да го променат универзитетот или да заминат од државата, доколку универзитетот на кој сега студираат нуди само онлјан настава наесен, објави Асошиетед прес.

Одлуката беше најавена на почетокот на судско сослушување во Бостон, по тужба на универзитетот Харвард и Институот за технологија на Масачусетс.

Највата е олеснување за илјадници меѓународни студенти, кои се соочуваа со можна депортација од САД, како и за стотици универзитети, кои се обидуваа да направат ревизија на нивните планови, како резултат на владината одлука.

Согласно првичната одлука, странските студенти немаа да можат обезбедат визи да останат во САД, доколку нивните универзитети нудеа само онлјан часови, како последица на пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG