Линкови за пристапност

Рекорден број на странски студенти во САД


Според најнов извештај, САД веќе две години по ред се домаќин на повеќе од еден милион странски студенти.

Во извештајот Отворени врати – 2017-та година на организацијата Меѓународната образовна размена се наведува дека во учебната 2016/17 година, САД биле домаќин на рекорден број странски студенти, 1.08 милион.

Тоа претставува зголемување од 3 отсто во споредба со минатата година.

Сепак, во извештајот се забележува дека иако вкупниот број на странски студенти во САД се зголемил, бројот на нови студенти стагнирал, благодарение пред се на лошите глобални и локални економски услови - вклучувајќи ги и стипендиите за студентите од Саудиска Арабија и Бразил кои студираат во странство.

Бројот на Американци кои студираат во надвор од државата исто така се зголеми за 4 проценти, пред се на универзитетите во Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG