Линкови за пристапност

Слика на средношколка од македонско потекло во Конгресот


Средношколка со македонско потекло добитничка на конгресна награда за уметност
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00
Direct link

Од 1982-ра, илјадници млади во САД се пријавуваат на конгресниот конкурс за најдобра уметничка творба, во чии рамки членовите на Конгресот гласаат за најдобрите дела од областа која ја претставуваат.

За конгресменот Хавиер Бесера од Калифорнија, најдобро дело годинава на конкурсот на тема „Лос Анџелес: како изгледа вашето соседство“ беше цртежот на Наташа Царовска, родена во САД, чии родители се со потекло од Кукуречани, битолско.

Наградата вклучува и школарина од 2.000 долари и два авионски билета за Вашингон. Цртежот на Наташа веќе е изложен во Конгресот. Наташа говори за инспирацијата за делото, за чија изработка и` биле потребни три до четири недели: „Мајката и детето на цртежот ја симболизираат љубовта, други деца се одраз на младоста, а староста ја претставив сликајќи ја баба ми“.

Не успеа да ги сокрие емоциите дека работејќи, Македонија и` била постојано во мислите: „Цртајќи, Македонија ми беше во умот, иако темата беше за Лос Анџелес каде живеам, но сепак се` ме водеше кон Македонија. Постојано“.

На конкурсот, делото на Наташа било избрано од 176 пријавени во 31-та конгресна област на Калифорнија.

Наташа е неизмерно среќна заради успехот и најавува дека ќе продолжи да твори. Во моментов има афинитет кон медицината, но, како што појасни, што и да избере како идна кариера, би сакала цртањето да биде проткаено во тоа.

Делото ќе биде изложено во Конгресот една година.
XS
SM
MD
LG