Линкови за пристапност

Мултиетничка Струга уживаше во звуците на Мариjачи империјал де Америка


Мултиетничка Струга уживаше во звуците на Мариjачи империјал де Америка
Мултиетничка Струга уживаше во звуците на Мариjачи империјал де Америка

Струга средата навечер пулсираше во ритамот на групата Маријачи империјал де Америка која во центарот на градот покажа дел од својата култура

Струга средата навечер пулсираше во ритамот на групата Маријачи империјал де Америка која во центарот на градот покажа дел од својата култура.

Групата важи за типичен претставник на шпанската заедница во САД и ужива огромна популарност. Во моментов е на мини-турнеја низ Македонија, каде дојде по неколкуте успешни концерти во Албанија.

Концертите се бесплатни, а маријачи-музичарите синоќа го исполнија она што го ветуваа - многу добра музика и забава.

Деветчлениот ансамбл од Тексас е во Македонија во организација на Амбасадата на САД. Тие ќе настапат во три града. Во Струга се претставија на мостот во центарот на градот. Прекрасното време пред настапот го искористија за разгледување на градот, а го посетија и средното училиште „Нико Нестор“, каде имаа полчасовно претставување. Најстариот член на групата Хозе Хургадас има 47 години, а најмладиот од нив - само 7:

„Маријачи империал е традиционална група и ние свириме традиционални, но и модерни песни. Имавме неколку концерти во три града во Албанија, а изведовме и мала престава, односно концерт тука пред учениците во Струга. Се чуствуваме исклучително добредојдени и очекуваме тоа што го слушнавме за Македонија да се оствари - дека сите луѓе се гостопримливи“, изјави Хургадас.

Од Амбасадата на САД велат дека било лесно да ги донесат во Македонија.

„Идејата е да се покажат различните култури што постојат во Америка и какво влијание има таа музика таму. Ова е четврта генерација на маријачи кои се иселени од Америка. Водачите на групата имаат традиција на свирење на маријачи-музика стара стотина години“, вели Албион Абдулаи од Амбасадата.

Групата настаои во Струга пред се` поради мултиетничкиот карактер на градот. Штипскиот концерт е во четврток во мултимедијалниот центар на Канал 77, а финалните два се во Скопје во петок, од 16 часот пред споменикот на Скендербег и во 19:30 на платото пред Домот на АРМ.

Концертите се бесплатни, а Маријачи импоријал секогаш ветува многу забава - пеење и танцување заедно со публиката и локални музичари.

XS
SM
MD
LG