Линкови за пристапност

Македонските обвинителите на обука во Струга


Македонските обвинителите на обука во Струга
Македонските обвинителите на обука во Струга

Целта на курсот е да се воспостави програма за обука на обучувачи во рамките на Акциониот план на Министерството за правда, за да се помогне при имплементацијата на новиот Закон за кривична постапка

Во организација на Канцеларијата на Министерството за правда на САД за развој и обука на обвинители при Американската амбасада во Скопје, а во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија во Струга се одржува курс на тема „Обука за вештини на обучување“.

„Целта на курсот е да се воспостави програма за обука на обучувачи во рамките на Акциониот план на Министерството за правда, за да се помогне при имплементацијата на новиот Закон за кривична постапка, којшто Собранието на Република Македонија го усвои во ноември 2010 и што се заснова на методот на водење на постапка помеѓу странките во постапката, одбраната и обвинението. Во секоја држава и во секој правен систем постојат можности и начини на кои може да се влијае на постапките. Но, една од главните цели на секој закон за кривична постапка е да го направи и оспособи самиот кривично-правен систем да биде што е можно повеќе фер“, вели Џими Ворен, постојан правен советник на амбасадата на САД во Македонија.

Според новиот закон за кривична постапка во Македонија ќе се воведе акузатурниот правен систем како што е оној во САД. Овие искусни судии, адвокати и претставници од Министерството за внатрешни работи се овде за да ги научат тие вештини кои подоцна ќе ги споделат со своите колеги.

Сертифицирани обучувачи од Националниот институт за вештини на водење на постапката од Чикаго, Илиноис, ќе обучуваат за вештините потребни за водење на постапка во судница со примена на адверсијалниот стил. Овој Институт е меѓународно признат како лидер за обука на практичари на правото (на судии, обвинители и адвокати) и за подобрувањето на нивните вештини на водење на постапката во сите фази на кривичната постапка, вклучувајќи давање на воведни и завршни говори, директно и вкрстено испрашување, спогодување на вина и подготовка на сведокот.

Ова е првата од двете обуки за 25 практичари на правото од програмата за „обука на обучувачот“ кои се очекува да станат сертифицирани НИТА обучувачи и да ги пренесат вештините што ќе ги научат на други тренери и практичари на правото. Во оваа прва група на обучувачи има државен судија од Колорадо, обвинител на САД и двајца искусни стручњаци за вештини на водење на постапката.

XS
SM
MD
LG