Линкови за пристапност

Видео: Бафало здивна од снежното невреме, но...


Снежно невреме во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

...дали поплавата е наредната закана?

Големото снежно нереме што го зафати градот Бафало во сојузната држава Њујорк сега е минато, но наредна закана би можела да биде поплавата, доколку се остварат прогнозите на метеоролозите дека температурата во наредните денови ќе се искачи на речиси 16 степени Целзиусови.

Во невремето животот го загубија најмалку осум лица, од студ или пак од срцев удар, додека се обидувале да го расчистат снегот. Голем број на жителите во градот се` уште се заробени во своите домови под рекордната снежна покривка од 2,5 метри, со се` помали резерви на храна и лекови, а напати и без електрична енергија. Од продавниците стигаат вести за се` помали количини на леб и млеко. Некои од покривите на домовите попуштија под снежниот нанос.

Патиштата се` уште не се проодни и се` до четвртокот навечер, на сила беше забраната за возење. Долж главниот автопат во сојузната држава, над 300 камиони чекаат тој да биде отворен за сообраќај. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо ги повика возачите да не излегуваат веднаш на патиштата.

Куомо побара од Националната лига на американски фудбал да го откаже натпреварот во недела во Бафало, бидејќи може да се одрази на јавната безбедност. Лигата синоќа најави дека ќе го префрли натпреварот во Детроит, на преку 400 километри одалеченост.

XS
SM
MD
LG