Линкови за пристапност

Хроничен стрес може да го влоши ракот


Стресот кој трае подолго време предизвикува лачење на хормонот адреналин, што промовира ширење на рак.

Дијагнозата рак и битката против оваа болест, може да предизвика голем стрес. Но, голем стрес кој трае подолго време, може да ја влоши состојбата на болеста.

Кратки напади на стрес познати како акутни реакции, можат да бидат добри, помагаат кај луѓето да избегнат или да избегаат од заканувачки или опасни ситуации. Но, хроничниот стрес, од ден на ден, може да му наштети на здравјето.

Стресот се покажува дека влијае на развој на срцево заболување. Стресот исто така може да допринесе за напредување на ракот, според истражувачката Ерика Слоан од Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, Австралија.

Слоан вели дека хроничниот стрес предизвикува лачење на хормонот адреналин, што промовира ширење на рак.

„Им дозволува на туморите да започнат да создаваат фактори кои поддржуваат нови патишта за ширење надвор од туморот. Стресот исто така може да ја зголеми брзината на движење по овие патишта, со што туморот побрзо расте“, вели Слоан.

Овие патишта се лимфни садови блиску до канцерогените тумори кои се дел од имуниот систем на телото. Течноста во крвните садови содржи бели крвни зрнца кои помагаат во откривање и уништување на вируси и бактерии.

Истражувањето на Слоан покажува дека лимфните садови предизвикани од адреналин обезбедуваат лесен пристап до циркуларниот систем, за малигните клетки да се пробијат надвор.

Евтин лек кој се користи за намалување на крвниот притисок, може да го ублажи реагирањето на стресот и да го забави ширењето на ракот.

Слоан укажува на студија за жени со рак на дојка во Италија: „Дознавме дека оние кои земале бета-блокатори покажаа помало ширење на ракот во лимфниот систем и во далечните ткива.“

Во тек се клинички испитувања во Австралија, за да се види дали бета-блокерите помагаат во забавување на прогресот на ракот на дојка.

„Дијагнозата на рак е стресна. Имаме можност не само да го третираме ракот, туку дека со третирањето на благосостојбата на пациентите, не само што им помагаме да се чувствуваат подобро, туку и да придонесеме за забавено ширење на ракот.“

Друг начин за намалување на стресот е медитацијата, велат истражувачите, и со тоа да се помогне во забавување на ширењето на ракот.

XS
SM
MD
LG