Линкови за пристапност

Вежби против стрес во Сенатот


Вежби против стрес во Сенатот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Експертот за кибернетска безбедност Роб Хертман, кој работи и како експерт за ослободување од стрес, најави обука за техники на дишење

Роб Хeртмен, експерт за кибернетска безбедност, преку вежби за дишење, ќе ги ослободува од стрес вработените во Сенатот.

Xертман, кој работи и како експерт за ослободување од стрес, применува вежби за дишење или, како што самиот ги нарекува, техники за хакирање на нервниот ситем кај луѓето.

„Деновиве има многу стрес во американската Влада. Мојата цел е да го редуцирам тој стрес, преку учење на техники на јога, кунг-фу и други вежби“, вели Хертмен.

Тренингот ќе се организира во два дена, и ќе трае 16 часа.

Хертман вели дека подготвува практични вежби, кои политичарите ќе можат да ги користат пред јавни настапи, кога се чувствуваат анксиозни

„Учам техники на дишење кои ги користат кунг-фу учителите, јога инструкторите, посредниците во заложнички ситуации, како и припадниците на Армијата“, објаснува тој.

Вели дека ќе почне со обука на три лесни техники – метод на падобранско дишење, на градно дишење, како и „супермен“ или „жена чудо“ поза.

Тој најави дека ќе го повтори тренингот во Сенатот со понапредни вежби, откако ќе помине првичниот курс.

Слични вежби тој применува и кај новинарите, кои известуваат од воени зони, со цел да им помогне да се соочат со преживеаната траума.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG