Собарката во хотелот во Њујорк која го обвини шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан за сексуално напаствување излезе во јавност со интервјуа за медиумите, велејќи дека сака правда и нејзинииот наводен напаѓач да биде испратен во затвор.
Нафисатоу Диало се согласила на интервју со магазинот Њусвик и телевизијата АБЦ повеќе од два месеци по инцидентот во Њујорк, и неколку недели откако обвинителите кажаа дека се сомневаат во нејзината кредибилност.
Триесет и двегодишната Диало за Њусвик кажала дека поранешниот лидер на ММФ ја грабнал и ја нападнал како „луд човек“.
Обвиненијата се` уште не се изречени спрема Штраус-Кан, но неговите адвокати велат дека интервјуата се обид на Диало да го сврти вниманието на јавноста и да изнуди пари.
Во меѓувреме, властите во Франција ја испитуваат телевизиската личност Патрик Поивре д`Арвор во врска со наводи на француска авторка за обид за силување од страна на Штраус-Кан во 2003. Тристан Банон поднесе тужба против Штраус-Кан порано месецов во Париз. Поивре д`Арвор беше еден од оние луѓе за кои Банон кажа дека на времето го пријавиле наводниот напад.
Штраус-Кан ги негира обвиненијата.