Линкови за пристапност

„Штрајк за црни животи“ - синдикати се вклучуваат во движењето против системски расизам и полициска бруталност


Национална коалиција на синдикати заедно со организации за расна и социјална правда ќе одржи масовен штрајк наредниот месец, како дел од движењето за борба против системски расизам и полициска бруталност во САД, пренесува Асошиетед прес.

Нашите членови сфаќаат дека не можеме да имаме економска правда без расна правда
Мери Ки Хенри, претседателка на Интернационалниот синдикат на работници во сервисната индустрија

Под името „Штрајк за црни животи“ десетици илјади вработени во индустријата за брза храна, за превоз, во старечките домови и во аеродромите во повеќе од 25 градови треба да излезат од работа на 20-ти јули околу 8 минути – онолку време колку што, според обвинителите, полицискиот службеник во Минеаполис го притискал Џорџ Флојд со неговото колено.

Штрајкот ќе биде во сеќавање на сите Афроамериканци кои во последно време починаа додека биле под полициски надзор.

Според деталите кои ги пренесе Асошиетед Прес организаторите бараат сериозна акција од корпорациите и властите за справување со системскиот расизам во економијата кој, според нив, ја пригушува економската мобилност и можностите за напредок во кариерата за работниците од Афроамериканско и Латиноамериканско потекло.

„Нашите членови сфаќаат дека не можеме да имаме економска правда без расна правда“ вели Мери Ки Хенри, претседателка на Интернационалниот синдикат на работници во сервисната индустрија кој има над 2 милиони членови во САД и во Канада.

XS
SM
MD
LG