Линкови за пристапност

Стотици луѓе на погребот на Навални во Москва и покрај силното полициско присуство


Стотици луѓе се собраа да се простат од рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на неговиот погреб во Москва во петокот под силно полициско присуство, откако неговото семејство и соработниците се бореле со властите околу ослободувањето на неговото тело по неговата сè уште нерешена смрт во казнената колонија на Арктикот.

По пристигнувањето на мртовечката кола во црквата, преносот на погребот во живо на интернет покажа дека соработниците го носат ковчегот, додека толпата аплаудирала и скандирала: „Навални, Навални!“.

Погреб на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални
Погреб на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика собраните во Москва и на други места да не го прекршуваат законот, велејќи дека „неовластените (масовни) собири“ се кршење на законот.

Погребот следеше на блиските Борисовски гробишта, каде се појави и полицијата.

Поддржувачите на Навални рекоа дека неколку цркви во Москва одбиле да ја одржат службата пред неговиот тим да добие дозвола од една во областа Марино во главниот град, каде што некогаш живеел пред неговото труење во 2020 година, лекување во Германија и последователно апсење по неговото враќање во Русија.

Црквата на Богородица „Ослободи ми ја тагата“, која се согласи да ја одржи богослужбата, не го спомна тоа на својата страница на социјалните мрежи.

Властите поставија бариери за контрола на толпата долж патот од блиската метро станица до црквата, а полицијата беше распоредена во голем број рано наутро во петокот.

Полицијата се појави и на блиските Борисовски гробишта, каде што треба да се одржи погребот.

Борба за преземање на телото

Мајката на Навални, Људмила Навалнаја, осум дена се обидуваше да ги натера властите да го ослободат телото по неговата смрт на 16 февруари во казнената колонија број 3 во градот Харп, во регионот Јамало-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва.

Властите првично рекоа дека не можат да го предадат телото бидејќи морале да направат обдукција. Навалнаја (69) испрати видео апел до претседателот Владимир Путин да го ослободи телото за да може достоинствено да го погреба својот син.

Кога телото беше ослободено, најмалку еден директор на погребот рече дека му е „забрането“ да работи со поддржувачите на Навални, изјави на социјалните мрежи Кира Јармиш, портпаролка на тимот на Навални. Не успеаја да најдат и погребна кола за погребот.

„Непознати лица им се јавуваат на луѓето и им се закануваат да не го носат телото на Алексеј никаде“, рече Јармиш во четвртокот.

Дури и во самиот петок, мртовечницата каде што беше чувано телото го одложи неговото ослободување, според Иван Жданов, близок соработник на Навални и директор на неговата Фондација за борба против корупцијата.

Руските власти се уште не ја објавија причината за смртта на Навални (47), кој се бореше против официјалната корупција и организираше големи протести како најжесток политички непријател на Путин. Многу западни лидери ја обвинија власта за неговата смрт, што Кремљ гневно ги отфрла обвинувањата

Не е јасно кок од семејството или сојузниците на Навални ќе присуствува на погребот, а многу од неговите соработници се во егзил во странство поради страв од кривично гонење во Русија. Фондацијата за борба против корупцијата на Навални и нејзините регионални канцеларии беа означени како „екстремистички организации“ од руската влада во 2021 година.

Погреб на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални
Погреб на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Неговата вдовица Јулија Навалнаја ги обвини Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин дека се обидуваат да го блокираат јавниот погреб.

„Не сакаме никаков посебен третман - само за да им дадеме на луѓето шанса да се збогуваат со Алексеј на нормален начин“, напиша Јулија Навалнаја на платформата Х.

Во говорот пред европратениците во средата во Стразбур, Франција, таа исто така изрази стравување дека полицијата може да го попречи митингот или „да ги уапси оние што дојдоа да се збогуваат со мојот сопруг“.

Московските власти во петокот одбија да издадат дозвола за посебен комеморативен настан за Навални и убиениот опозициски лидер Борис Немцов, наведувајќи ги како причина ограничувањата за Ковид-19, изјави во четвртокот политичарката Екатерина Дунцова. Немцов, 55-годишен поранешен вицепремиер, беше застрелан и убиен додека се движеше по мостот покрај Кремљ ноќта на 27 февруари 2015 година.

Јармиш ги повика и поддржувачите на Навални ширум светот да положат цвеќе во негова чест во петок.

„Сите што го познаваа Алексеј велат дека тој бил весела, храбра и чесна личност“, рече Јармиш во четвртокот.

„Но, поголемата вистина е дека дури и ако никогаш не сте го запознале Алексеј, сте знаеле каков е. Ги споделувавте неговите истраги, одевте на состаноци со него, ги читавте неговите објави од затворот. Неговиот пример им покажа на многу луѓе што да прават кога и кога работите беа страшни и тешки“, рече тој.

Иван Жданов, директор на антикорупциската фондација на Навални, рече дека неговиот погреб првично бил планиран за четврток - денот на годишното обраќање на Путин за состојбата на нацијата - но ниту едно место не се согласило да се одржи тогаш.

Во интервју за независната руска информативна страница Медуза, Жданов рече дека властите извршиле притисок врз роднините на Навални „да одржат тивок семеен погреб“.

Во извештајот се користени информации од агенцијата Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG