Амџад Абу Аџина едвај чекал да си оди дома. Тој и неговото семејство се раселени од нивниот дом во Беит Лахија во северниот дел на Газа од почетокот на војната. Оттогаш се селеле пет пати. Минатата недела тој се приклучил на реката луѓе кои патувале на север од јужна Газа.
„Тешко е кога ќе ви кажат да се евакуирате. Ќе се навикнеш месец-два само за да бидеш принуден повторно да заминеш. Сè што сте изградиле, сè за што сте заработиле, останува зад вас и се движите за да започнете одново некаде. Се смируваш некое време, но наскоро тие повторно доаѓаат, барајќи да заминеш“, вели Абу Аџина.
И неговата тетка и неговиот татко имаат инвалидитет и користат инвалидска количка. Но, тие имаат само една.
Абу Аџина порано работел во Израел. Сега нема извор на приход. Сепак, вели тој, бил пресреќен што можел да си оди дома.
„Го чекавме денот кога ќе се вратиме. Пешачевме милји за да стигнеме до Газа, до северна Газа, но ситуацијата е неподносливо тешка“, посочува Абу Аџина.
Тој се надевал дека неговиот дом го преживеал израелскиот напад.
Се надевав дека останало нешто по бомбардирањето, но, сè е уништеноАбу Аџина, Палестинец повратник во Газа
„Отпрвин мислев дека мојата куќа е добро, иако имаше одредена штета.До крајот на војната, комуникацијата беше целосно прекината. Не можев да дојдам до никого, а наскоро немаше никој на север. Кога се вратив денес, ја најдов мојата куќа целосно уништена. Оваа судбина ги снајде сите жители“, вели Аџина.
Неговата деветгодишна ќерка вели дека се што сака е да си оди дома.
„Се надевав дека останало нешто по бомбардирањето. Но, сè е уништено. Само сакам оваа војна да заврши и не сакам повеќе да го слушам звукот на експлозиите и бомбите“, додава Абу Аџина.
Самиа Салман исто така била раселена. Таа вели дека има измешани чувства за враќање дома.
„Моите чувства одат помеѓу среќа и тага. Среќа затоа што се враќам во мојата куќа и во моето соседство на север, и тага затоа што брат ми беше убиен во војната“, вели Салман.
Министерството за здравство со кое раководи Хамас вели дека повеќе од 60.000 Палестинци се убиени од почетокот на борбите, предизвикани од нападот на Хамас во кој загинаа 1.200 во Израел на 7 октомври 2023 година.
Сите страни се согласуваат дека задачата за обнова на Газа ќе биде огромна. Еден палестински функционер рече дека Газа има потреба од 6,5 милијарди долари вонредно финансирање, само за да обезбеди привремено сместување за речиси два милиони раселени. Обновата на Газа може да потрае со години, ако не и децении.