Линкови за пристапност

Стотици илјади деца годишно мигрираат преку опасниот Дариенски расцеп кон САД


Властите во Панама проценуваат дека минатата година повеќе од 113 илјади деца поминале преку Дариенски Расцеп
Властите во Панама проценуваат дека минатата година повеќе од 113 илјади деца поминале преку Дариенски Расцеп

Опасната шума во Дариенски Расцеп е простор кој Јужна Америка ја поврзува со Централна Америка. По патот се движат многу мигранти кои се упатуваат кон границата со САД, секој петти од нив е дете. Властите велат дека расте бројот на мигранти кои минуваат по опасната рута. Известува Остин Лендис.

Жан Карлос Молина, неговата сопруга Роуз Мери и нивните десетгодишни близнаци спијат на оваа плажа во Некокли, Колумбија. Тука близнаците добиле сипаници. Трагите сè уште се видливи на нивните лица и на раце.

Додека биле болни, децата ги молеле родителите да си заминат оттука.

После еден месец живеење вака почнале да продаваат кафе на други мигранти. Малку по малку до заштеда – кафе за 25 центи, има плус од цигари и бонбони. За храна се размислува подоцна.

„Понекогаш за да заштедиме, бидејќи јадењето овде е скапо, се трудиме да јадеме многу малку. Децата добро јадат, но ние се обидуваме да намалиме. Да не зборуваме за грижите, стресот, работата...“, вели Карлос.

Немаат доволно пари за да продолжат по Дариенски Расцеп, тоа е густа шума низ која мигрантите мора да платат 350 долари за да поминат преку неа и да пристигнат до Панама и да продолжат на север кон границата со САД.

Властите во Панама проценуваат дека минатата година повеќе од 113 илјади деца поминале преку Дариенски Расцеп.

Со ограничен пристап до хигиена и чиста вода, децата се поранливи на здравствените ризици од миграцијата и живеењето на отворено.
На плажите на Некокли се забележуваат осипи на кожа, изгореници од сонце, инфекции. Често има дијареја и респираторни вируси.

Гласот на Америка беше со персоналот на Црвениот крст додека ги прегледуваше децата кои живеат на песок.

Во шумата луѓето се среќаваат со многу опасни животни или со лица кои се занимаваат со трговија со луѓе
Андреј Пинеда, Хуманитарец

„Обидете се да му го дадете лекот како што е наведено на медицинското упатство. Ако нема подобрување, земете повторно“, советува Рут Сан Мартин од Црвениот крст.

Црвениот крст проценува дека тука посетиле околу 6 000 деца во 2023 година. И тоа, пред шумата, каде што организациите немаат пристап.

„Во шумата луѓето се среќаваат со многу опасни животни. Исто така, се занимаваат со трговија со луѓе, или незаконски работи, или регрутираат момчиња и девојчиња“, вели Андреј Пинеда од хуманитарната организација.

Според Меѓународната организација за миграција, најмалку 13 деца загинале или исчезнале на Дариенски Расцеп во 2022 година.

На друго место на плажата, Дејвид Дијаз и Флор Родригез прифаќаат покана за нивните три деца да ручаат во мала кујна управувана од добротворна организација во градот. Тие имаат 11, пет и една година.

Chinese migrants line up to take a boat to Lajas Blancas after walking across the Darien Gap in Bajo Chiquito, Panama, Sunday, May 7, 2023. (AP Photo/Natacha Pisarenko)
Chinese migrants line up to take a boat to Lajas Blancas after walking across the Darien Gap in Bajo Chiquito, Panama, Sunday, May 7, 2023. (AP Photo/Natacha Pisarenko)

Организацијата која работи со локалните католички калуѓерки нуди двапати неделно оброци. Прво јадат децата, додека другите чекаат ред.

Можат да опслужат само околу 150 луѓе поради ограничено финансирање.
Дијаз и Родригез ја напуштија Венецуела пред само пет месеци. Тој работел во различни радио станици, но заработувал околу 10 долари месечно – недоволно за да да се исхрани.

Свесни се дека движењето во шумата со мали деца може да биде ризично. Навечер, семејството го поставува својот шатор, еден за сите петмина.
Тие немаат пари за да го продолжат патот и велат дека можеби ќе се вратат во во градот Меделин да работат, а потоа да се обидат повторно.

Наутро, други ги пакуваат шаторите, ги пакуваат и своите работи и телефони во пластични кеси. Се качуваат на чамци за да преминат преку ја шумата. Патот веќе им го платиле на шверцерите кои преку Дариен Гап ќе ги водат до САД.

XS
SM
MD
LG