Националната служба за временска прогноза ситуацијата во делови на Арканзас, Мисисипи, Луизијана и Тенеси, ја опиша како „особено опасна“, со оглед на тоа дека смртните случаи ги предизвикаа десетина торнада и поројни дождови.
Другите делови од земјата беа со невообичаено високи температури. Првата недела од зимата на Средниот запад и источниот дел на САД наликува на пролет. Метеоролозите за денеска во поголемите градови како Вашингтон, Њујорк, Филаделфија, предвидуваат и до 22 степени Целзиусови. Владини експерти велат дека за актуелните случувања, делумно е одговорен феноменот Ел Нињо.