Линкови за пристапност

Најмалку 11 мртви во бури во Тексас, Оклахома, Луизијана и Алабама


Истовремено, пак, милиони граѓани во североисточниот дел на државата, викендов, уживаа рекордно топло време

Торнада, поплави и ветрови, викендов убија најмалку 11 лица во сојузните држави Тексас, Оклахома, Луизијана и Алабама.

Околу 200.000 луѓе вчера останаа без електрична енергија, како резултат на силните бури кои, меѓудругото, уништија дрвја и превртеа автомобили.

Ветровите предизвикаа прекин на струјата на источниот брег на САД, додека предупредување за поплави имаше во неколку јужни сојузни држави.

Истовремено, пак, милиони граѓани во североисточниот дел на државата уживаа рекордно топло време, со 22 Целзиусови степени во Бостон и 20 степени во Централ парк во Њујорк.

Метеоролозите велат дека до крајот на неделата сепак се очекуваат јануарски темепратури.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG