Линкови за пристапност

САД разгледуваат доделување краткотрајни визи на жители на Бахамите


Американскиот претседател рече дека САД ќе треба да бидат сигурни дека имигрантите од Бахамите се правилно документирани

Претседателот на САД Трамп изјави дека неговата администрација разговара за евентуално одобрување на краткотрајна дозвола за престој во САД за жителите на делот од Бахамите кој има привремен заштитен статус по ударот на ураганот.

Трамп за новинарите во Белата куќа во понеделникот изјави дека САД ќе треба да бидат сигурни дека имигрантите од Бахамите се правилно документирани.

„Бахамите имаа огромни проблеми со луѓе што одеа на Бахамите, а кои не требаше да бидат таму. Не сакам да им дозволам на луѓе што не требаше да бидат на Бахамите да влезат во САД, вклучувајќи некои многу лоши луѓе и некои многу лоши членови на банди и многу лоши дилери на дрога. Значи, ние ќе бидеме многу упорни во тоа“, рече Трамп, нагласувајќи дека досега е испратена голема помош од САД.

Сенаторите од Флорида побараа од претседателот на жителите на Бахамите да им додели заштитен статус со каков што во минатото им се помагаше на луѓето од Хаити, Ел Салвадор и Хондурас.

Од граничните служби соопштија дека САД ги забрзуваат своите имиграциски процеси за жителите на Бахамите, но дека службениците за имиграција сè уште мора да ги проверуваат сите имигранти поради можни закани по националната безбедност.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека бројот на жртви од невремето се искачи на 45, но како што се откриваат нови тела се очекува бројот на загинати да продолжи да расте.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG