ВАШИНГТОН —
Тропската бура Ета утрово го погоди крајбрежјето на сојузната држава Флорида.
Националниот центар за урагани изјави дека бурата предизвикала ветрови од 85 километри на час, и оти во текот на денот се очекува да донесе дожд од осум сантиметри во делови на Флорида, пред да продолжи во Атлантскиот Океан.
Засега нема информации за поголеми штети.
Властите затворија дел од мостовите поради силните ветрови, а во моментов затворен е и Меѓународниот аеродром во Тампа. Тој се очекува повторно да биде отворен до крајот на денот.
Воведени се и наредби за вонредна состојба, со цел да им се помогне на официјалните лица да се справат со бурата.
Facebook Forum