Линкови за пристапност

Столтенберг повика на дискусија за ограничувањата за достава на оружје за Украина


Генералниот секретар на НАТО зборува за време на Парламентарното собрание на НАТО во Софија на 27 мај 2024 година (Фото: АФП)
Генералниот секретар на НАТО зборува за време на Парламентарното собрание на НАТО во Софија на 27 мај 2024 година (Фото: АФП)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, рече дека „дојде време“ членките на воената алијанса повторно да разгледаат некои од ограничувањата поврзани со употребата на оружјето што ѝ го доставија на Украина за поддршка на борбата на земјата против Русија.

Западните земји изгледаат поделени во последните недели за тоа дали на украинската војска треба да ѝ се дозволи да напаѓа цели на руска територија.

Некои од сојузниците на Украина тврдат дека ова е дел од легитимната самоодбрана од инвазијата, додека други изразија стравување дека тоа би можело да го вовлече Западот во конфликт.

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека членките на НАТО во Европа се играат со оган со тоа што предлагаат Украина да користи западно оружје за да напаѓа длабоко во Русија, што, според него, може да предизвика глобален конфликт.

Путин рече дека украинските напади врз Русија со оружје со долг дострел ќе имаат потреба од западен сателит, разузнавачка и воена помош - така што Западот ќе биде директно вклучен.

Столтенберг, неодамна за Економист, изјави дека членките на Алијансата треба да дозволат Украина да удри длабоко во Русија со западно оружје, став што го поддржуваат некои членки на НАТО, но не и САД.

XS
SM
MD
LG