Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека членките на Алијансата се обединети во нивната позиција кон Русија, на начин каков ште не бил со години претходно.
Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка, рече дека НАТО останува заложена во унапредување на одбраната, додека во исто време се одвива дијалогот со Русија.
„Двојниот пристап значи дека треба да бидеме цврсти, и да испорачаме кредибилна превенција и одбрана, што е причина за имплементирање на најголемото зацврстување на одбраната, како одговор на тоа што Русија го направи во Украина“, изјави Столтенберг, додавајќи дека „ не е лесен дијалог, но токму затоа дијалогот е значаен“.
Изминативе месеци одбарната на НАТО е во фокус, поради претседателот на САД Доналд Трамп и неговите повици, останатите држави да ги зголемат нивните буџети за одбрана.
Столтенберг изјави дека членови на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и претседателот, изразиле поддршка за НАТО во бројни ситуации.
„На различни состаноци и на прес конференции со мене во Белата куќа, претседателот Трамп ја потврди заложбата на САД кон НАТО“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека заложбата не е само со зборови, туку и со дела.
„Предлог-буџетот, кој администрацијата го даде пред речиси една недела, предвидува 40 проценти зголемување на средствата за американската воена помош во Европа. Повеќе трупи, вежби, инвестиции во инфраструктурата, како и обезбедување опрема. Сето тоа ја потврдува заложбата на САД кон НАТО“, изјави Столтенберг
Во однос на повиците на Трамп кон сојузниците, да вложат повеќе во борбата против тероризмот, Столтенберг рече дека Алијансата веќе играла витална улога во контратероризмот.
Тој нагласи дека терористичките напади, како оние во Лондон и во Манчестер, повеќе не е само ексклузивен проблем за Европа.
„Потребен е заеднички и сеопфатен пристап. Треба полиција, спроведувачи на законите, но, исто така треба поголема политичка и идеолошка борба против тероризмот и насилниот екстремизам“, убеден е Столтенберг.
Тој нагласи дека Турција е земја-членка која најмногу страдала од терористички напади, и истакна дека НАТО формирала специјално Одделение за подобрување на размената на разузнавачки информации меѓу сојузниците, со цел да се подобри борбата против тероризмот на Блискиот исток и насекаде во светот.
Facebook Forum