Линкови за пристапност

Столтенберг и наредната година ќе раководи со НАТО


Одлуката треба да биде официјално усвоена кога лидерите на НАТО ќе се состанат на самитот следната недела во Вилнус, Литванија. Најавата на НАТО ја поздрави американскиот претседател Џо Бајден.
Одлуката треба да биде официјално усвоена кога лидерите на НАТО ќе се состанат на самитот следната недела во Вилнус, Литванија. Најавата на НАТО ја поздрави американскиот претседател Џо Бајден.

НАТО објави дека генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе остане на чело на Алијансата уште една година, со продолжување на неговиот мандат кој истекуваше на крајот на септември.

Одлуката треба да биде официјално усвоена кога лидерите на НАТО ќе се состанат на самитот следната недела во Вилнус, Литванија.

Овa се случува во моменти кога НАТО има важна улога во поддршката на Украина во нејзината борба против руската инвазија, при што членките на НАТО обезбедуваат воена и хуманитарна помош заедно со обуката за украинските војници.

„Почесен од одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар до 1 октомври 2024 година“, напиша Столтенберг на „Твитер“.

„Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси 75 години, а во поопасен свет, нашата Алијанса е поважна од кога било“, напиша тој.

Најавата на НАТО ја поздрави американскиот претседател Џо Бајден. Тој вели „со нетрпение очекувам да ја продолжиме работата со генералниот секретар Столтенберг за понатамошно зајакнување на Алијансата следната недела на Самитот на НАТО во Вилнус и пред 75-годишниот Самит на НАТО во Вашингтон наредната година“.

„Со своето постојано лидерство, искуство и проценка, генералниот секретар Столтенберг ја донесе нашата Алијанса преку најзначајните предизвици во европската безбедност од Втората светска војна. Денес, нашата Алијанса е посилна, пообединета и наменска од кога било“, се вели во писмената изјава на Бајден испратена од прес-канцеларијата на Белата куќа.

Поранешниот норвешки премиер, Столтенберг е на чело на НАТО од 2014 година и последното продолжување на неговиот мандат е четврто по ред.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG