Големите европски индекси на хартии од вредност се на климави нозе во петочната утринска размена додека грчката должничка криза продолжува да шири загриженост за кревката глобална економија.
Лондон, Париз и Франкфурт отворија еден и два проценти пониско заради реакцијата на инвеститорите на масивната распродажба на Вол стрит во четвртокот.
Азиските пазари исто така паднаа во петок. Јапонскиот индекс Никеи ја заврши трговската сесија за нешто повеќе од три проценти пониско, што е најниска маргина во два месеци, додека берзите во Сеул и Сиднеј паднаа за околу два проценти во еден момент.
Азискиот пад на пазарите доаѓа по вчерашното затворање на Индустрискиот просек Дау Џонс, што изгуби речиси илјада поени во еден момент за време на разменската сесија. Загубата е најголема во еден ден од 1987.
Дау потоа се опорави да заврши на 10.519, со загуба од 347 поени Другите поголеми индекси исто така нагло паднаа.
Тековната должничка криза на Грција играше голема улога во четврточната масивна распродажба, но извори од њујоршката берза велат дека друг вид грешки во размената може да придонеле на падот.
Во четврток, еврото падна на најниско ниво за 14 месеци и цената на златото скокна за нешто повеќе од 33 долари во еден момент кога инвеститорите ја напуштија валутата и побараа побезбедно место да ги стават своите пари. Во исто време, цената на нафтата нагло падна, по загриженоста дека грчката криза може да наштети на економскиот растеж и да ја забави побарувачката за енергија.