Индексите на акциите во Лондон, Париз и Франкфурт паднаа за околу два проценти, додека поголемите берзи во Њујорк паднаа за помал износ во попладневната размена.
Вредноста на еврото падна под 1.29 долари, за прв пат во речиси четири месеци.
Еден аналитичар на европскиот пазар, Теодор Кринтас, кажа дека неспособноста на грчките политички лидери да формираат нова влада и неизвесноста за тоа дали тие ќе се придржуваат на програмата за штедење со цел да се намали дефицитот на државата води кон хаос на финансиските пазари.