Линкови за пристапност

Европските и американските акции опаднаа


Европските и американските акции опаднаа
Европските и американските акции опаднаа

Поголемите американски и европски берзи забележаа опаѓање во среда и италијанските позајмувачки трошоци скокнаа, додека голема сенка на должничката криза на континентот ги конзумира грчката и италијанската влада.

Клучните пазари на акции во Њујорк, Лондон, Париз и Франкфурт паднаа за повеќе од два проценти, делумно заради политичката неизвесност во Атина и Рим.

Подоцна во денот, грчкиот премиер на заминување Џорџ Папандреу на јавната телевизија кажа дека тој и опозиционите законодавци постигнале договор за формирање коалициона влада. Привремената влада би требало да ги изведе мерките на штедење што ги бараат странските кредитори на државата.

Во меѓувреме италијанската влада се соочува со рекордно високи трошоци за позајмување пари, еден ден откако премиерот Силвио Берлускони кажа дека ќе даде оставка штом Парламентот ќе ги усвои буџетските скратувања.

Каматните стапки на обврзниците на италијанската влада надминаа 7 проценти за прв пат од воведувањето на еврото во 1999.

XS
SM
MD
LG