Линкови за пристапност

Почина поранешниот комесар на НБА Дејвид Стерн


Легендата во американската кошарка, Дејвид Стерн, под чиј мандат кошаркарската асоцијација на САД – ( НБА ) прерасна во глобална спортска сила, почина на 77 годишна возраст.

Стерн мина 30 години на чело на НБА и беше комесар кој најдолго ја извршуваше престижната функција во Лигата. Доби мозочен удар на 12 декември и беше подложен на итен оперативен зафат.

Под негово лидерство, натпреварите на НБА се пренесуваа во над 200 држави и територии на повеќе од 40 јазици.

Кошаркарски легенди, како Мајкл Џордан, го окарактеризираа Стерн како најзаслужен за зголемување на популарноста за кошарката во глобални рамки, при што многу кошаркарски легенди стекнале голема слава за време на нивните спортски кариери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG