Линкови за пристапност

Сопственикот на Клиперс ја откажа продажбата на тимот


Доналд Стерлинг се премислил откако сфатил дека продажбата нема да му ја намали казната изречена од раководството на НБА

Доналд Стерлинг, сопственикот на Лос Анџелес Клиперс од Националната кошаркарска асоцијација, ја повлече својата поддршка за договорот да го продаде тимот.

Стерлинг објави соопштение во понеделникот велејќи дека ќе продолжи со судскиот процес тежок 1 милијарда долари обвинувајќи ја НБА за непочитување на неговите права откако комесарот Адам Силвер постави доживотна забрана за него и го казни со 2,5 милиони долари заради расистичките забелешки. Неговиот адвокат кажа дека Стерлинг се предомислил откако разбрал дека лигата нема да ја крене забраната и да ја повлече казната дури и ако тој го одобри договорот за продавање на Клиперс.

Во неговото соопштение Стерлинг призна дека „иако неговиот став може да не е популарен“ тој верува дека неговите права на приватност и заштита на неговите права во судска постапка не смеат да бидат ограничени.
XS
SM
MD
LG